Можеби правиме грешки кога на некого ќе му поверуваме, но верувајте ми кога ќе речам дека делот што ви недостига на еден сончев ден е токму деби албумот на КЕМ – Columba Noachi. Како што времето не спојуваме и одвојува, кога поминуваме низ песните на овој креативен коктел можам без претерување да речам дека времето станува сосема релативно.
Кога зборуваме за КЕМ, зборуваме за музика која со секое преслушување ни станува по интимна со нашето секојдневие, бидејќи тие искрени текстови допираат уште подлабински до срцевината.
1. Што значи КЕМ и како дојде до вашето спојување?
Немавме име за групата, имавме песни и не ни дојде нешто толку што ни се допадна на сите. Имаше една песна од Ким што ни се допадна, базата зошто тие се викаа Ким е исто и кај нас. Кате, Емир и Марко. Сега ни фали плус буква М па затоа стана дупла.
Тоа беше искрено, пробувавме, размислувавме варијанти и после ден-два снимање ништо не ни се допадна. Едноставно немаше потреба да го форсираме, затоа КЕМ е сосема добро. Само да знаете не се викаме Ние Сме КЕМ, туку само КЕМ.
2. Како ќе ја опишете вашата музика за некого кој прв пат ја слуша?
Ние правиме музика што ние сакаме да ја слушаме едноставно. Правиме една каша од сите звуци што ги слушаме, бидејќи сите различна музика слушаме и помага тоа при конструирање. Првично пробавме да се дефинираме, но сфативме дека секој има различна интерпретација што е КЕМ.
Првиот албум би го дефинирале како албум за на пикник, треба да се погоди точната атмосфера и самото место за тој албум. Настапуваме и на други места, ама на пример ете „Земјотрес“, каде што таму доаѓаат да се шуткаат луѓето. Сепак настапот испаднува супер, но самиот концепт на албумот не е за таа атмосфера.
Додека за во иднина пак ќе продолжеме да правиме музика што сакаме да ја слушаме, дур сакаме да ја слушаме.
3. Кои артисти би ги издвоиле како влијателни на вашиот звук?
Марко З. : За мене Andreson Paak, Mac Demarco, Alchemist, Def Grips, Tool, голем број на метал бендови.
Марко М. : Јас во последно Griselda, Kendrick, надвор од рап Beatles,
Емир: Инспирација имам врз ритмичка и хармонска база. За гитара би кажал jazz fushion, а хармонски Back Drop. За ритам рап, тие ми се најголемите влијанија кога е за КЕМ. Додека општо бендови Thunder Cat, Tame Impala, Hites Caioti, Clown Core, Marco Marco, Porto Morto, Michael Jackson, J Dilla, Earth Wind & Fire, Earl Sweatshirt.
Кате: Јас во последно време не слушам музика, ама вака бендови што ме инспирираат за правење музика, бидејќи не знам од каде ми доаѓаат идеите. Ама би рекла Tears For Fears, Khruangbin, A Certain Ratio, Oasis и други.
Слушаме музика што сакаме да ја правиме и правиме музика што сакаме да ја слушаме.
4. Како ви тече процесот на создавање и дали ви варира во зависност од кој е вокал?
Да и не. Најчесто се собираме кај Емир, тука започнува расправијата и опливот на идеи, со што или ќе излезе нешто добро или ништо нема да излезе. Тоа е бидејќи идеме без умисла, идеме на момент ако излезе нешто добро супер. Освен кога имаме некој концепт за албум и кога имаш неколку песни со слична тематика знаеш каде да движиш. Некој се занимава повеќе за текст, некој за продукција, некој аранжман, некој за се, секогаш е различно. Само се редат парче по парче и сите го имаме моментот да знаеме кога некој песна не звучи добро. Еден да каже дека не му се допаѓа и тука започнува дискусија.
5. Значење на вашиот омот за албумот Columba Noachi?
Имавме неколку идеи, Columba noachi е консталација некоја, во смисла кога го гледаш под чуден агол излегува птицата на Дедо Ноа. Тоа беше и самиот темел дека има надеж, бидејќи најглавниот дел од албумот беше во ковид периодот. Некако добивме позитивен нагон на креаирање, поради тие моменти на затвореност и лични работи кои не ни беа во полза, ама сепак има надеж. Како што беше Дедо Ное гради брод има поплава, а нема копно и доаѓа гулаб со маслиново гранче.
Емир: Првичната идеја што ја имаше Мила скицирано беше консталација на ѕвездите и под нив имаше букви од албумот. Некако не беше наш стил, но сè уште ја користам како позадина на телефонот.
Втората идеја беше како body paint, девојче и слично. Потоа стигнавме до колаж, имавме многу дискусии меѓусебе тука и Марко направи многу добар омот, исто и за самите синглови кои беа поврзани со боја. Испадна одлично преточено од музиката во омотот, самото чувство се пренесе. Тоа ни беше моментот на која боја те потсетува песната.
Исто на самото око на омотот пишува home, а првично сакавме да го направиме на Кате окото, ама ете личи делумно.
Битно ни беше да го извадеме чувството на албумот! Иако албумот беше пуштен во есен, има енергија на пролет и природа.
6. Омилен настап и песна за изведба?
Емир: Песни, па „Денес“ и „Антеделувиан“. Се разбира цел сет лист ние интересен за свирење и си ги сакаме нашите песни.
Јас би рекол „Тајна“ бидејќи е многу интимна и има посебна ѕвезда. „Дремка“ ми е омилена за изведба од раперска перспектива. А „Денес“ ми е најобилна песна за да се опфати се.
Додека настап во „Арт Генератор“ – Велес и „Engage“. Малку беше како спротивна атмосферата.
Мене „Земјотрес“, бидејќи во публиката беше многу активни, буквално ние и да не пеевме публиката беше доста гласна! „Engage“ некако ние се направивме одлична атмосфера, а во Велес беше подруго дека нова публика и бевме на жешка столица да се покажеме. И стварно целото искуство беше 10 од 10, самиот пречек и енергијата на луѓето вклучени.
7. Што беше инспирацијата и како дојдовте од ништо до „Летај“?
Кате: Еднаш полетав… Искрено „Летај“ беше многу заебано, сакав да имам ¾ дел, но решивме дека нема да звучи толку добро и остана 4/4. Не знам, во глава ми беше женскиот вокал на „The Great Gig In The Sky“ од Пинк Флојд. Тоа ми беше во глава, иако на крајот испадна сосема различно со тапаните и го доби тој момент на фанк и хип-хоп. Се темелеше на ситуација кога луѓе мислат дека се некој и нешто, односно треба малку спуштено и лабаво.
Пак беше тој момент лошо е, ама ќе биде добро е, кога? Беше супер што дојдовме со идејата и без грижа, само се искажуваа.
8. Како се справувате со финанскиот дел во музиката?
За наша среќа почнавме буџетно на опремата Емир што ја имаше, не само опрема и знаење. Имаше лаптоп и софтвер на кој го владее што може да се снима музика. Реално Емир не вади на таа карта, бидејќи би имале голем трошок ако не постоеше. Сите моменти на микс и мастеринг, дизајн на омот сами си ги правиме и затоа не менаџираме толку од тој аспект.
Убаво е многу што не се улетуваме со парите што ги добиваме, си имаме КЕМ фонд и преку тоа ќе можеме да си дозволиме нови работи. Се справуваме и гледаме паметно да раководиме со финансиите кои ги добиваме од свирки.
9. Нешто што ви се допаѓа и нешто што би сакале да додадете во вашата музика?
Марко З.: Па талентот и луѓето, сите имаме наша палета на придонеси. Затоа мислам дека проектот може да се каже успешен од некој аспект, бидејќи сите носиме нешто што е наше и не се плашеме да го кажеме тоа. Многу ни се допаѓа едноставно природната појава на бендот.
Марко М.: Јас би рекол не се гледаме како не знам што, се гледаме како слушатели. Затоа моментот што ме интригира е поврзаноста со публиката, не кажуваме нешто надвор од планетата, едноставно тоа што ти се случува тебе и мене ми се случува. Тоа е истото што го прават генерациски…
Емир: Имаме направено многу ранливи песни и тоа ни прави да се познаваме уште подлабоко, настрана од дружбата која трае години.
Пред се гледаме нас да ни биде интересно. На некој начин да не се одвојуваш од публиката, со што се гледаме себеси исто како слушатели колку луѓето во публиката. Не сакаме да се доживуваме како нешто посебно. Тоа најмногу ни го прави бендот, бидејќи не целиме да бидеме ѕвезди и комерцијални, едноставно да го искажуваме тоа што го чувствуваме.
Од се што имаме, уште повеќе… Битно е да живее креативноста.
10. Кога и што може да очекуваме следно?
Веќе година дена истото го кажуваме, ама никако да се случи. Кога сме кај што, работиме на ново парче требаше да е ЕП, ама се роди муабет да стане албум. Паралелно снимаме спот за една од песните и би рекол дека е сосема подруго од првиот албум. Си работиме, имаме нови работи и гледаме паметно да ги скоцкаме, бидејќи не се брзаме, иако се надеваме дека ќе биде за брзо.