Коикои е бенд искомбиниран со различни позадини, со што постанува еден коктел на уметност, апстракција, но најбитно од се го добиваме парчето од колачот наречено живот.
Музиката често знае да не одведе до локации кои не сме планирале да отпатуваме и без разлика дека причината е предодредена ние си правиме потполно наша слика за целината.
Начинот на кој креираат енергија, заедно со комуникацијата што ја создаваат на настапите пред бројна публика е нешто што заслужува почит, исто така, би потврдил дека тоа се должи на нивните карактери надвор од музичката сфера.
Имаат одлична синхронизација и имаат една непредвидливост што прави секоја песна да ни биде посебно доживување. Фактот дека се задржуваат на личната перспектива кога пласираат музика, но цело време се желни за унапредување и променување на концептот врз кој творат е тоа што прави овој бенд да има оброк за сечиј вкус.
Интервјуто е после разговор со Емилија Ѓорѓевиќ.
КОИКОИ се:
- Ивана Миљковиќ (синт, вокал)
- Емилија Ѓорѓевиќ (бас, вокал)
- Марко Грабеж (гитара, вокал)
- Иван Павловиќ Гизмо (тапани, семплови)
- Како се собравте како бенд и како дојдовте до името?
Емилија: Па, бендот започна 2017 година како тримина, односно Ика, Марко и Иван. Тогаш експериментираa со звукот и во кој жанр најмногу би им одговарал. До 2019 година снимија 2 песни, едниот како независен сингл „Сутра“ и песна “Бог те убио” како компилација на Хали Гали. После во 2019 година се уклучив и јас во бендот. Почнавме да џемаме и беше супер, па така сфативме дека треба сите четворица да свириме заедно одејќи нанапред.
Името долго време го баравме, најтешкото нешто е. Каде што вежбавме во дворот Ика ја виде храната на Коикои рибата што беше во фонтаната и така дојдовме до името. Кратко е, впечатливо и лесно се дизајнираше, така дојде анегдотата на името.
2. Како бенд кои ви се најдобри страни и кои можете да ги подобрите?
Емилија: Нешто што моментално најдобро функционира дефинитивно е нашата хемија во бендот, музички и на настапите во живо. Често луѓето кои се присутни на настапите прв коментар им е како убаво пловите врз сцената, четворица како единка, тоа ние како некој главен адут.
Исто така, сите сме зрели луѓе и начинот на кој комуницираме. Се разбира четворица сме и често има различни интереси, но ќе разговараме и доаѓаме до некој компромис. Со текот на времето се повеќе расте бендот и имаме поголем притисок, но навистина нашата комуникација е многу добра.
Тоа што можеме да работиме е музички, да истражуваме и правиме нови звуци, да се подобруваме на инструментите. Многу е лошо кога се заробиш во нешто и мислиш дека ја помина играта, со тоа станува сѐ се подосадно, бидејќи секогаш има нешто да се пронајде.
4. Дали имате омилено место каде што сте настапувале и песна?
Емилија: Последен концерт кој беше многу добар беше во Сплит, Хрватска. Таа енергија што ја почувствувавме беше потполно неверојатно искуство, тоа стварно беше фасцинантно.
Во Гала хала во Љубљана, исто така беше феноменално. Тоа се чувствува каква енергија ти дава публиката, ако публиката не ти се отвори не е тоа тоа. Иако ти даваш 100%, ама публиката не е заинтересирана и не комуницира е исто како да си на погрешна улица. Едноставно ако публиката не е 100% не можеш и ти.
Еве ако баш морам да издвојам една нека биде Храст.
3. Со кои уметници сте растени?
Емилија: Па воглавно со некој пост-панк и алтернативен звук. Како бендови од регионот би ги издвоила Дарлвуд Даб, Петрол, Дисциплината на Кичма, Идоли… и сите бендови кои имале влијание на мојот личен музички и животен вкус. Тие се бендови на кои сме растени и така некако ги креиравме нашите животни повици.
Ика слуша доста world music, a нејзиниот дедо бил етномузиколог, па тој традиционален призвук во Коикои доаѓа најмногу од таму.
Марко слуша се, од хип хоп до класичен рок.
Гизмо исто така слуша се… Но доаѓа од метал.
Така да, сите сме некако коктел. Се слуша тоа и во музиката наша и дека сите сме од различни музички жанрова, а функционира хармонично кога се спои заедно.
5. Дали чувствувате притисок кога креирате музика?
Емилија: Па искрено, не ни имавме време за притисок бидејќи цело време креираме. Во последно чувствуваме благ притисок, бидејќи имаме чувство дека време е за нова музика, ама во позитивна смисла. Реално немаме тој вид на притисок, но имаме супер идеи само што сè уште сме немале време да одиме во студио и да ги сработиме, затоа што цело време сме на пат. Просто ти треба време да ја обликуваш таа идеја, мора посветеност на музиката што ја креираш, исто беше и со претходниот албум, долго време го работевме.
Ветуваме следната година сигурно некои синглови!
6. Како црпите инспирација и како го преточувате во музика?
Емилија: Инспирацијата е секојдневното… Природа, амбиент, љубов, луѓе, односите со другите и со себеси. Сето тоа е нешто што помага да се дојде до текст, без разлика дека нашите текстови се прилично апстрактни луѓето се пронаоѓаат. Иако текстот не е личен, човеќ може лесно да се пронајде во нашата музика. Секој на различен начин може да го доживее, секогаш треба да биде оставен тој момент “што писателот сакал да каже“ и да оставиме да биде доловено од личен аспект за секој.
7. Албумот „Pozivi u stranu”, какво значење има за вас?
Емилија: За мене значи како нешто што те одвлекува од некој да речеме прав пат. Често ти е одвлечено вниманието од работите и се соочуваш со препреки, изазови и сме во некои чудни состојби па така “позиви у страну” се токму тие работи кои што ни ја одземаат снагата.
8. Колаборација на соништата?
Емилија: Па би рекла тоа што го слушаме моментално, Тhe Flaming Lips. Би сакала премногу со нив да направиме некоја колаборација.
9. Колку е битна публиката во настапите во живо?
Емилија: Како што зборувавме претходно, многу е битна. Како да си на двосмерна улица, па ти ако не добиеш енергија од публиката не можеш скроз да дадеш. Ние секогаш свириме од срце и се даваме максимално, ама друг е моментот кога и публиката комуницира.
На некоја публика и треба повеќе време за да се отвори, пример во Љубљана имаше голема разлика третиот пат кога свириме, во споредба со првиот. Мислам дека има и влијание самиот менталитет на луѓето. Сакам да кажам дека се малку позахтевни.
Потполно е друго чувството кога свириш во други градови, кога сме во Белград свириме за нашите најблиски луѓе и стварно е единствено искуство. Кога свириме по други градови, луѓето што ги запознаваме и самиот пат до таму е како да оставаш белек на некоја територија. За година и пол дена имавме 60 и нешто концерти и тоа е голем број, со што отворивме многу нови врати.
Секој концерт е ново место, нов простор и доживување. Моментот е да ја придобиеш публиката што е таму и тие сами да си одлучат дали пак би дошле или не, но до сега имаме свирaно низ целиот ex-yu регион и било супер.
10. Кога би можеле да очекуваме нешто ново?
Емилија: По некои планови следната година треба да објавиме синглови и најава за албум. Ќе движиме кон таа цел, но што ќе биде ќе биде.
„На себе носам она што имам. Во себе носам она што посакувам.“ Затоа направете го вашиот избор без тон предомислувања врз вашите рамења.
Едно огромно благодарам до:
- Коикои (@koikoi_band)
- Дарко Беровски (@d.beros) – интервју
Слушнете го новиот сингл на КОИКОИ:
Ова Спознавање завршува, па како следен чекор од овој разговор е да се впуштите во одличните песни приредени од Коикои. Праволиниските покрети не се толку кристално чисти, но меѓу ладните е најтопло па затоа потражете нешто внатрешно во вас кон кој правец се движите и зошто.
Често огледалото рефлектира, ржи и плаче, но искрено кажува што мисли. За моментите кога страдате прифатете дека тоа е извор на задоволството. Бидејќи на крајот, луѓето не веруваат во тивка среќа и затоа сфатете дека способноста да се направи аналогија на општото во конкретното е најистакнатата карактеристика на генијалноста, а тоа е една карактеристика која стрчи кај Коикои.
Се разбира очекуваме ваши понуди за нашето следно Спознавање и тоа може да го направите на: spoznavanjeb@gmail.com