Home
Interviews
SpozCast
About
Privacy Policy
Let's Connect
Read our interviews (available only in Macedonian)
The Local Blue
Ако за миг би посакале да дознаете како е да се доаѓа од друга планета и љубопитни сте да ја почувствувате таа туѓа и непозната фреквенција би рекол дека сте на правилната локација.
Кога за прв пат се соочив со овој инструментален бенд никогаш не можев да ја искоренам нивната синхронизација. Jасно ми беше дека се работи за креативци кои уживаат во својата креација, односно џем сесии.
Perija
Кога сме во потрага по духовна поврзаност, музиката на Перија може секогаш да биде нашиот сопатник. Најмалиот заеднички содржател на моите уши и нивната музика беше во период кога македонската музичка сцена за мене претставување еден неоткриен дел, кој секогаш ми фалел.
Додека растеме и се запознаваме со овој чуден свет разбираме дека сите се изгубени како нас, затоа клучно е да ја задржиме таа љубопитност. Светкавите искри за нови животни предизвици никогаш да не згаснат во нашиот дух.
Хајка
Кога ќе речеме панкот не е мртов често се асоцираме на еден одличен филм, но сигурен сум дека љубителите на таа музика ќе ги изустат Хајка. Нивните концизни и конкретни вокали не се за сечиј вкус, но тоа е поради проблемот со прифаќањето на искреноста.
Стојат зад тоа што го творат, односно автентичноста на изразувањето. Тоа што мене ме заинтересира е што нивната синхронизација на бината е рефлексија на таа во нивното секојдневние, а не обратно…
Galatheia
Моментите кога се соочуваме со непознатото многупати стануваме опкружени со страв и уплав од погрешениот потег, но кога нешто доаѓа од нашата интуитивност не смее тој сомнеж да завладее. Мигот кога ќе го романтизираме соочување со непознатото и самиот процес на креативното експериментирање ќе се сретнеме со огромен број на можности, со што би разбрале дека важноста на нашиот израз е онолку колку што ќе им се посветиме ние во делот на конструкцијата.
Често голи надежи стојат на сред прагот, но кога ќе биде преминат прагот на симпатичен начин ни се насмевнува напливот на идеи. Јасно е дека живееме во период на транзиција, но кога не било така?
Dina Jashari i Luka Toshev
Енергичноста и синхронизацијата во нивните настапи ни прави датумот да ни биде заокружен долго пред настапот во живо. Навистина ми е драго што копнежите скриени тивки Дина не си ги задржa за себе, туку се одлучи да ги преточува низ одлични мелодии со текст во кој секој би се потсетил на неговите наивни детски денови. Сепак љубопитноста за непознатото на Дина и е како сладок предизвик кој го совладува со макотрпна работа и експериментирање со различни звуци.
Слободата на израз секогаш ја користи како алатка за инспирација на другите, но и правење хемија со нејзините Другари за да сме секогаш изненадени и оставени без зборови на сцената.
Koikoi
Коикои е бенд искомбиниран со различни позадини, со што постанува еден коктел на уметност, апстракција, но најбитно од се го добиваме парчето од колачот наречено живот.
Музиката често знае да не одведе до локации кои не сме планирале да отпатуваме и без разлика дека причината е предодредена, ние си правиме потполно наша слика за целината.
Начинот на кој креираат енергија, заедно со комуникацијата што ја создаваат на настапите пред бројна публика е нешто што заслужува почит, исто така, би потврдил дека тоа се должи на нивните карактери надвор од музичката сфера.
Baklava
Сите си имаме свој начин на израз и Елена ја пронајде таа смисла во коктелот на музика со името Баклава. Преку своите искрени дела ги прикажува авантурите на општеството и љубовта која ни недостасува поради носталгијата.
Боите од секогаш прикажуваат одредена емоција и значење, а Баклава тоа го преточува преку композицијата. Ова разнобојно поле на емоции ни го прикажуваат веќе со децении, затоа е битно да се доживува нивната музика на интуитивен начин.
Преку нивниот петти албум ќе може да го почувствувате романтизирањето на нашата земја и враќајќи ја таа позитивна перспектива во очите на луѓето.
Zarina Prvasevda
Силуетата на емоции може да биде предизвикана од таа музика која ни ги допира нашите срца, а тој белег во нашата земја претставува традиционалната музика. Мило ми е што секогаш има музичари кои ја пренесуваат таа музика од генерација на генерација, а Зарина навистина го прави тоа со зачин на модерност, со што оваа уметница навистина заслужува почит што патот си го најде токму низ призмата на овој звук.
Лесно е да не се грижеме за културата, бидејќи треба храброст за искажување на таа грижа, но јасно ние дека некултурата е секогаш поскапа.
Dimish
Сите си имаме своја смисла, но дали стигнуваме до нејзе и колку често ја преиспитуваме е битниот момент. Причината на Димиш и неговата музика е да му помогне на луѓето кои често се чувствуваат долу, победени и кога нема знак на нови патишта овде е да го објасни сосема спротивното.
Текстовите за спиралноста на фрустрациите од живеењето ги преточува со одлични мелодии, со што се прави да ги поставиме под лупа нашите мисли и да смислиме нешто наше. Затоа 11.5: spero е едно од тие нешта кои треба да ни стане стара навика на нашите слушалки.
Konstrakta
Будучност је старење и старење је будочност, овие зборови ни ја менуваат перцепцијата за реалноста, односно дека не секогаш е доцна, секогаш некого е пред нас, треба да трчаме побрзо и сите тие останати феномени врз кои се темели нашата продуктивност како колектив. Такашто, кога поминуваме низ одредено искуство и потоа го анализираме добиваме разум. Констракта овие зборови ги докажува со растење во својата сфера и неограничувајќи се кон нешто.
Lufthanza
Каде и да не дочекаат Луфтанза играме и забораваме, такашто ни ја докажува жилавоста на овој бенд да направи бран низ целата бина. Комплексноста на овие креативци се должи на тоа што се длабоко синхронизирани меѓусебно, со што крајното дело е удел од повеќе отворени умови.
Најновиот нивни албум, Давор е одличен приказ на другарите во бендот кои сакаат да не раздвижат со експериментирање, но сепак отворајќи го нашиот ум кон таа апстрактна меланхолија која често ја забораваме во нас и само со музиката можеме да ја откриеме пак.
Lelee
Полетуваме и слетуваме, но моќта на тоа чувство секогаш се должи на музиката. Фасцинантна е енергијата што ја зрачат и смелите инструментали што ги приредуваат Лелее со секоја песна, но преку нивните настапи влегуваме во сосема нова заедничка димензија.
Можеме лесно да ја апсорбираме нивната искра, само ако се потрудиме да ја перцепираме искрено. Со што, се надевам дека и овој разговор ќе го перцепирате од таа иста перспектива.
Funk Shui
Идеалистичките копнежи се веќе срушени кога се споменува името Funk Shui уште пред да издадат некоја песна, бидејќи творат од љубов и забава. Експериментирањето со нови елементи го гледаат како потреба, односно загатка која ни се појавува со помош на љубопитноста.
Музиката нивна допира различно, во зависност од денот и периодот на слушателот, но сепак нивната скрипта им сме јас и ти.
21vek
Ако го поседуваме зоштото во животот, можеме да се справиме со сѐ. Тоа зошто овие креативци го пронаоѓаат и експресираат преку музиката. Улица по улица ни ја отвораат вратата на 21 век, така што нѐ насочуваат кон забавниот пат. Нивната меѓусебна синхронизација се доживува уште од првата интеракција, а со настапите во живо станува и опиплива.
Се надевам дека овој интересен разговор ќе ви служи како искра за да заиграте на музиката на 21 Век, но нема да престанете.
Kalata
Таа недефинирана поврзаност кон одреден жанр секогаш е фасцинантна, тој вид на музика може да се каже дека го наоѓаме кај звуците на Калата. Овој бенд е за почитување бидејќи сето тоа што го творат се темели на големо истражување, љубопитност и возбуда која им се раѓа со предизвикот на овој вид на креирање.
Иако пред нив стојат голем број на избори, душата им се наоѓа во творење нешто со значење, со што ни прават уште повеќе да се поврзуваме со нивната музика.
Parketi
Некои нешта траат бидејќи имаат доволно поддршка, некои пак поради квалитетот и влијанието што го има тоа движење, но сето тоа се темели на борбеноста на индивидуите што го основаа тоа. Паркети секогаш ќе ми бидат пример за тоа, но со додаден зачин на лудост, креативност и прогресивност.
Фактот што се осмелуваат да го спојат провокативното со возвишеното го прави нивниот белек како водилка за идни генерации кои се ограничуваат на каков било начин, бидејќи кога твориш веќе над 20 години факт е дека музиката која ја креираш е адаптабилна со самото време.
Zhiva
Љубопитноста кај музичарите секогаш е прекрасна и неверојатна појава, а кога е распространета со знаења од класична музика, па сѐ до нешто недефинирано и искрено станува уште поинтересно. Разновидноста кај Жива е опиплива на нејзиниот албум „Preterujem“, бидејќи е нејзин емотивен израз. Таа претставува фигура на уметник кој секогаш сѐ бори со моментите на стагнацијата преку константно реиспитување.
ISKRA
Можеби времето се дефинира како нешто праволиниско, но ИСКРА се чист пример дека тоа варира во зависност од перцепцијата. Електронските перкусии, споени со доволно голем број на синтисајзери и нивнaтa приказна го прави овој звук токму звук од иднината.
Мали се шансите дeка овој спој нема да ве размрда, но тоа е само доказ за нивното трајно влијание што допрва ќе се одрази на прогресивната музичка сцена во нашите граници.
КЕМ
Можеби правиме грешки кога не некого ќе му поверуваме, но верувајте ми кога ќе речам дека делот што ви недостига на еден сончев ден е токму деби албумот на КЕМ – Columba Noachi. Како што времето не спојуваме и одвојува, кога поминуваме низ песните на овој креативен коктел можам без претерување да речам дека времето станува сосема релативно.
Peach Vice
Колку е ослободувачки моментот кога се креира од себеизразување, колку ги паметиме тие детски наивни денови на љубопитност. Тој момент е задржан во Peach Vice и продолжува да се размножува со уште посилен замав, паралелно зголемувајќи ја непредвидливоста во која насока ќе замине, но секогаш е органската.
Нивниот албум „EKIPIZZA“ е својство на искрени и вистинити текстови, но запазувајќи ја таа апстракција за секого да може да се спои на лично ниво со длабоките авантури низ кои нѐ одведуваат.