The Local Blue
Ако за миг би посакале да дознаете како е да се доаѓа од друга планета и љубопитни сте да ја почувствувате таа туѓа и непозната фреквенција би рекол дека сте на правилната локација.
Кога за прв пат допре до моите уши овој инструментален бенд никогаш не можев да ја искоренам нивната синхронизација. Jасно ми беше дека се работи за креативци кои уживаат во својата креација, односно џем сесии.
За нашето прво спознавање го издвоивме македонскиот бенд The Local Blue, кои со својата мистичност на сцената ни прават за момент да препловиме во друг свет и да слетаме на локација која често сме во потрага.
Тврдат дека доаѓаат од друга планета и дека тука се само почесно, со цел да создаваат добра енергија и музика, а попатно и да уживаат во целиот процес.
Која енергија беше таа што од неколку креативци се создаде The Local Blues?
Панде: Па, јас сум Панде ќе ме запамтите по тоа што ме дели само една буква од панда, а свирам во Локал Блу, од секогаш и ќе свирам за секогаш. Мојот придонес на сцената е преку бас гитарата.
Кети: Кети тука, јас сум последниот дел од слагалицата во Локал Блу. Кога сме кај мојот придонес, свирам на теремин.
Кои настапи до сега ви биле најинтересни и зошто?
Панде: Па сите настапи се специфично интересни и си придонесуваат до создавањето на некоја голема енергија во вселената.
Кети: Секој настап за мене е различен, бидејќи е импровизација. Каква што енергија има во нас тоа се експресира преку музиката во тој момент.
Во врска со настапите, дали чувствувате стрес пред настап, кои се тие мисли што ви се вртат пред да направите чекор на сцената и да ги задоволите сите љубители на вашата музика?
Панде: Паа не, никогаш не чувствувам трема бидејќи мислам дека сме на тоа ниво поврзани и знаеме кој, кога може, што да направи и што е возможно да биде следно во прогресијата на песната.
Кети: Се согласувам со Панде, но секако и самиот фидбек кој го добиваме од публиката игра улога, односно колку се заинтересирани да не слушат и колку не…
Кој беше првиот инструмент кој го „научивте“?
Панде: Па јас како и секој басист, гитара… Иако подоцна се откажав и реков дека сакам тонови со поголема длабочина. Кога сме кај пристапот, секогаш сум сакал да создавам нешто мое, нешто ново.
Кети: Исто гитара, ама не продолжив. Од кога се запознав со тереминот потполно сум посветена на тој инструмент.
Песната Kapustin Yar дали има некаква поврзаност со истоимената област каде што се лансираат ракети?
Едногласно: Тоа е пораката на вселената, не можеме ние да го знаеме…
Дали во текот на подготвување на некоја песна некогаш ќе се слушни реакција како „ех да имавме вокал“?
Кети: Класичен вокал не, сме имале пробувано на настап, ама не се совпадна со нашата енергија.
Панде: Исто така сме експериментирале со самплови, ама не функционираше.
Која е вашата музичка позадина, односно вашите инспирации за да започнете да правите музика?
Панде: Па како мал ги слушав Rage Against The Machine, Stevie Vaughan, Robert Johnson, Pink Floyd, Jimi Hendrix и многу други.
Кети: Би ги издвоила The Doors и Pink Floyd, наспроти сите останати одлични музичари.
Да рипниме во иднина малку, која би била вашата колаборација на соништата?
Панде: Па, со Џими Хендрикс, бас да му исвирам, и со Снерки Папи, тоа би можело да е откачено.
Кети: Па јас би со Маги од ЕКВ, стварно ми е идол од жена.
Ако не се занимававте со музика што би правеле?
Панде: Се бавам со многу други работи надвор од музика, ама според мене ако не постоеше музиката ќе немаше живот. Едноставно не би постоел јас… Би ви го препорачал филмот Sound of metal, има еден солиден приказ каков би бил животот на еден музички ентузијаст ако не би ја слушал музиката повеќе.
Кети: Целосно се согласувам!
Која беше вашата најлоша изведба и што извлековте од истото?
Кети: Има моменти кога не сме синхронизирани, дека сепак тоа е импровизација и мора да сме со иста фреквенција сите со енергијата. Зошто ние како што се чувствуваме така свириме, ако еден не е во склоп со целината може да се загуби целиот ритам.`
Што е едното нешто кое сакате вашите фанови да го извлечат од вашата музика?
Панде: Да се запознаат себеси, односно да разберат што им се случува во нивниот живот за да може да му стане појасна пораката на универзумот.
Кети: Да ја почувствуваат енергијата во моментот која излегува и се произведува… Што се случува кога свириме.
Која е ваша лично омилена песна на последниот албум?
Панде: Како мои лично омилени би ги избрал воведната и последните две.
Кети: Па… Немам омилена, бидејќи сите ми се.
Дали може да очекуваме нешто ново наскоро?
Едногласно: Очекувајте!
Ова прво спознавање доаѓа до крај, но се разбира следи ново! Припремено со огромна љубов со цел да се запознаете повеќе со македонската сцена и да сфатите дека никој не припаѓа во некоја кутија. Како што Local Blue доаѓаат од друга планета и вие го имате тој жар во вас да се спознаете, само мора да се прифатите самите себеси и вашите мисли како нешто уникатно и различно, а не како грешно и проблематично. Растиме и се менува секојдневно, со што стануваме посвесни за работите кои се случуваат околу нас. Иако најчесто треба да има катастрофа за да се одговори со револуција сакам од овој блескав разговор да ја прифатите енергија и со чест да ја заковате вашата.
Во свет што не сме приморени да направиме ништо, а можеме се… Нема да сфатам и да прифатам како секојдневието на толпата е гнев кон другиот и негативна енергија, тоа ме прави да се запрашам дали стварно сме исти суштества… Се надевам со ова Спознавање на еден начин, или друг блесна таа светлина во вас, како кога сонцето изгрева меѓу две дрвја и зраците ненадејно го милуваат вашето прекрасно лице. Прифатете го вашиот делириум, со две раце зграпчете ја вашата екстаза и задржете го тој копнеж во вас, а општеството ве форсира да згасне бидејќи е само различна од другиот.
„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме“, зошто за момент да не застанеме и да се запрашаме, а каде трчаме?
Едно огромно благодарам до:
- The Local Blue (@thelocalblue);
- Фотограф: Горјан Атанасов (@gogo_od_idninata);
- Интервју: Дарко Беровски (@d.beros);
Се разбира очекуваме ваши понуди за нашето следно Спознавање и тоа можете да го направите на следниот мејл: spoznavanjeb@gmail.com
Itís nearly impossible to find educated people in this particular subject, however, you seem like you know what youíre talking about! Thanks