fbpx

Жива

Љубопитноста кај музичарите секогаш е прекрасна и неверојатна појава, а кога е распространета со знаења од класична музика, па сѐ до нешто недефинирано и искрено станува уште поинтересно. Разновидноста кај Жива е опиплива на нејзиниот албум „Preterujem“, бидејќи е нејзин емотивен израз. Таа претставува фигура на уметник кој секогаш сѐ бори со моментите на стагнацијата преку константно реиспитување.

 

Преку секое преслушување музиката на Жива ни го продлабочува чувството и искуството од нејзиното слушање. Затоа кога секое утре како прва песна ни се повторува „Jutro“ има и значење зошто.

 

Интервјуто е преведено од српски на македонски јазик.

1. Како од девојка со образование на класична музика стигна до Жива?


Додека студирав се бавев со џез, поп и сите останати жанрови. Некако класичната музика не ми беше единствено нешто со кое што сум се бавила, иако и до денес ја обожавам класичната музика, сепак повеќе ги засакав тие жанрови со кои можеш да имаш непосреден пристап.

2. Како значење за тебе има “Претерујем“?


Сите тие песни коишто сум ги напишала настанале за мене да ми стане полесно и да поминат некои работи, иако сè уште поминувам низ тие работи. Воедно, гледав дека луѓето реагираат и многу ми е мило што преку мојата музика се чувствуаат подобро, а друга страна не ми е мило кога слушнам дека некој врви низ толку тешки чувства како што се чувствував и јас.


Се разбира дека ми е многу значајно, дека на почетокот не бев свесна колку ќе ми биде тешко кога нештото стане јавно. Кога ќе тргнеш да се занимаваш со музика не очекуваш дека полно луѓе ќе го слушаат, ама добивавме голем број на порака и си велам еј луѓето ме слушаат како имам јас проблеми. Секако ми е многу мило дека му покажав на луѓето дека не е страшно да зборуваш за лични работи, дека наоѓаш луѓе кои се исто чувствуваат, па ќе му биде полесно.


3. Како беше да се соработува со Бљузга и Катарина Вукоман?


Бљузга ми е помал брат и свири тапани во бендот. Од секогаш правевме музика заедно, бидејќи околу нас се наоѓаше премногу музика. Јас свирев клавир, а тој тапани, ама започна и тој потоа да свири клавир. Потоа сакаше да рапува и ајде зошто и јас да на пробам да напишам нешто, а тој ме позитивно ме изненади со стварно супер неког текст.


Катарина ми е стварно супер другарка и таа прави музика соло и со бендод Weird Fishes, некако зборувавме двете во тие тематики и емоции кои двете ги доживувавме. Така продно дојде да направиме песна заедно, па пред се станаваме другарки, а потоа и направивме музика!

4. Како тече креативниот процес на Жива?

 

 

Па, прво се убедувам некоe време колку ништо не знам. Најчесто темелот го правам со клавир. Некогаш доаѓа прво текстот, потоа музика, ама за „Претерујем“ почесто беше текстот дека тој период си имав дадено задача да си ги пишам моите емоции, со што би ги преточила на хартија. Потоа се враќав на тој текст и се трудев да извлечам нешто што има смисла, по што доаѓаше правењето на музиката. Прво овој процес, а следна фаза е со продуцентот Toshi Domaćin, бидејќи немам знаење на тој продукциски дел. Иако знам што сакам, не знам да го искуцам на програмот.

 

 

Доста луѓе мислат дека знаеме што правиме и сме сигурни во тоа, ама тоа е константен процес на учење. Како нешто да снимиш, како да го добиеш тоа што го имаш во главата и да стигниш до најдобрите звуци за тебе. Сигурно не сум планирала тие мој текстови ќе постанат песни, ама еднаш гледав и имав доста, околу 9 и имаа слична тема. Воопшто не ми дојде на памет дека ќе напишам цел албум на кој зборувам за ментално здравје.

5. Кои музичари те инспирираат и зашто?


Најмногу ме инспирира бендот Helem nejse кој започнав да ги слушам, а и да работам со Тоше. Од нив научив дека се е возможно и ништо не е толку тешко, туку само бара храброст и пробување. Бев доста несигурна како да направам песна , но тие ме научија дека не е тоа толку тешко и дека има доволно луѓе кои веруваат во млада авторска музика. Мислaм тие најмногу ми беа инспирација на почетокот од нашиот регион.


Негатив“ исто ми се едни од омилените бендови, Ивана од тој бенд ми беше прв женски херој вокал кога бев мала и пишев песни.


Од странските ги обожавам Парамор, исто ме мотивираа кога Хејли (вокалот на Парамор) во нејзините текстови имаше обработено многу длабоки теми и тоа некако ме мотивира на начин што и јас можам. Мислам дека ни фали низ нашите простори да ги искажуваме тие работи, не во смисла дека треба да е темата ментално здравје, може да биде што било само да се мотивираат младите автори да пишуваат искрено и тоа што му лежи. Бидејќи едно е во глава да стој, а друго е кога седнеш и го напишеш, само кога слушаш си велиш можеше подобро хаха. Кога сме искрени повеќе го вреднуваат луѓето!

6. Во моменти на недоверба, како се справувате?


Прво плачам неколку денови… Реално секогаш има недоверба, ама треба да имаме храброст. Иако никогаш не сум сигурна за тоа што го правам треба да имам храброст да кажам готова е оваа песна. На почетокот си поранлив, ама потоа сфаќаш дека не е толку страшно. Дека го сакаш ова и искрено е, па да видеме што ќе биде. Свесна сум дека многу си правам самата во својата глава дека е страшно.


7. Во кој дел мислиш дека можеш да си мислите да дозволиш експериментирање?


Па не знам, баш заради тоа избрав да се фокусирам на поп културата. Не поп што е досаден и затворен, туку баш е тип на музика што ми дава простор да додавам различни жанрови. Во смисла нема да се разочарувам дека некој жанр го има тоа што го барам, туку треба да го пратам тоа чувство. Бидејќи ете ако една песна ми е поп-џез и мора да биде така, воопшто не… Затоа мојот албум има 13 жанрови како секоја песна да приказна за себе.


Сите тие бендови што сум ги слушала секогаш сум гледала да не бидат досадни и предвидливи, секогаш треба да биде динамично. 

8. Како излегувате од музичкиот свет?

 

Мислам дека тука клучот лежи во тоа да се работи со различни луѓе, бидејќи лесно е да останеш во еден начин на креирање. Кога се појавуваат нови луѓе пробуваш различно, стварно гледам да соработувам со што повеќе нови лица кои ќе ми додаваат начини и сфаќања дека може и на друг начин.

 

9. Дали имате совет што се навраќаш често?

 

Освен првиот совет којшто го дефиниравме – бидете искрени.

 

Друго ми е се со свое време, дека секогаш чувствувам тензија дека сите работат повеќе и побрзо од мене, зошто не го направив ова вака… Ама сфаќам дека не треба да се брзаме и се доаѓа кога треба да дојде.


10. Штo е следно?

 

Се надевам ќе има концерти, нови песни, можеби и по некој спот. Не знам и јас точно, ама се со свое време, битно ќе има музика!

Фотографија: Иво Велчевски

Интервју: Дарко Беровски

Артист: Жива

 

*Интервјуто беше направено за време на ПИН Музичката Конференција 2023 година во МКЦ – Скопје.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *