fbpx

Meet Musicians

Spoznavanje

Here you have a variety of local and foreign musicians. We are focused on making a mark of our local scene in the world in a deeper sense and getting to meet foreign artists with our local scene.

The Local Blue

Ако за миг би посакале да дознаете како е да се доаѓа од друга планета и љубопитни сте да ја почувствувате таа туѓа и непозната фреквенција би рекол дека сте на правилната локација.

 

Кога за прв пат допре до моите уши овој инструментален бенд никогаш не можев да ја искоренам нивната синхронизација. Jасно ми беше дека се работи за креативци кои уживаат во својата креација, односно џем сесии. 

Перија

Кога сме во потрага по духовна поврзаност, музиката на Перија може секогаш да биде нашиот сопатник. Запознавањето мое со нивната нивната музика беше во период кога македонската музичка сцена, барем за мене, беше еден неоткриен дел кој секогаш ми фалел.

 

Додека растеме и се запознаваме со овој чуден свет разбираме дека сите се изгубени како нас, затоа клучно е да ја задржеме таа љубопитност. Светкавите искри за нови животни предизвици никогаш да не згаснат во нашиот дух.

Хајка

Кога ќе речеме панкот не е мртов често се асоцираме на еден одличен филм, но сигурен сум дека љубителите на таа музика ќе ги изустат Хајка. Нивните концизни и конкретни вокали не се за сечиј вкус, но тоа е поради проблемот со прифаќањето на искреноста.

 

Стојат зад тоа што го творат, односно автентичноста на изразувањето. Тоа што мене ме заинтересира е што нивната синхронизација на бината е рефлексија на таа во нивното секојдневние, а не обратно…

Galatheia

Моментите кога се соочуваме со непознатото многупати стануваме опкружени со страв и пристапувајќи со уплавот од погрешениот потек, но кога нешто доаѓа од нашата интуитивност не смее тој сомнеж да завладее. Мигот кога ќе го романтизираме соочување со непознатото и самиот процес на креативното експериментирање ќе се сретнеме со огромен број на можности, со што би разбрале дека важноста на нашиот израз е онолку колку што ќе им се посветиме ние во делот на конструкцијата.

Дина Јашари и Лука Тошев

Енергичноста и синхронизацијата во нивните настапи ни прави датумот да ни биде заокружен долго пред настапот во живо. Навистина ми е драго што копнежите скриени тивки Дина не си ги задржa за себе, туку се одлучи да ги преточува низ одлични мелодии со текст во кој секој би се потсетил на неговите наивни детски денови. Сепак љубопитноста за непознатото на Дина и е како сладок предизвик кој го совладува со макотрпна работа и експериментирање со различни звуци.

КОИКОИ

Коикои е бенд искомбиниран со различни позадини, со што постанува еден коктел на уметност, апстракција, но најбитно од се го добиваме парчето од колачот наречено живот.

 

Музиката често знае да не одведе до локации кои не сме планирале да отпатуваме и без разлика дека причината е предодредена ние си правиме потполно наша слика за целината.

Баклава

Сите си имаме свој начин на израз и Елена ја пронајде таа смисла во коктелот на музика со името Баклава. Преку своите искрени дела ги прикажува авантурите на општеството и љубовта која ни недостасува поради носталгијата. 

Зарина Првасевда

Силуетата на емоции може да биде предизвикана од таа музика која ни ги допира нашите срца, а тој белег во нашата земја претставува традиционалната музика. Мило ми е што секогаш има музичари кои ја пренесуваат таа музика од генерација на генерација, а Зарина навистина го прави тоа со зачин на модерност, со што оваа уметница навистина заслужува почит што патот си го најде токму низ призмата на овој звук.

21 Век

Ако го поседуваме зоштото во животот, можеме да се справиме со сѐ. Тоа зошто овие креативци го пронаоѓаат и експресираат преку музиката. Улица по улица ни ја отвораат вратата на 21 век, така што нѐ насочуваат кон забавниот пат. Нивната меѓусебна синхронизација се доживува уште од првата интеракција, а со настапите во живо станува и опиплива.

Лелее

Полетаме и слетуваме, но моќта на тоа чувство секогаш се должи на музиката. Фасцинантна е енергијата што ја зрачат и смелите инструментали што ги приредуваат Лелее со секоја песна, но преку нивните настапи влегуваме во сосема нова заедничка димензија.

 

Фанк Шуи

Идеалистичките копнежи се веќе срушени кога се споменува името Funk Shui уште пред да издадат некоја песна, бидејќи творат од љубов и забава. Експериментирањето со нови елементи го гледаат како потреба, односно загатка која ни се појавува со помош на љубопитноста.

Луфтанза

Каде и да не дочекаат Луфтанза играме и забораваме, такашто ни ја докажува жилавоста на овој бенд да направи бран низ целата бина. Комплексноста на овие креативци се должи на тоа што се длабоко синхронизирани меѓусебно, со што крајното дело е удел од повеќе отворени умови.

Калата

Таа недефинирана поврзаност кон одреден жанр секогаш е фасцинантна, тој вид на музика може да се каже дека го наоѓаме кај звуците на Калата. Овој бенд е за почитување бидејќи сето тоа што го творат се темели на големо истражување, љубопитност и возбуда која им се раѓа со предизвикот на овој вид на креирање.

Димиш

Сите си имаме своја смисла, но дали стигнуваме до нејзе и колку често ја преиспитуваме е битниот момент. Причината на Димиш и неговата музика е да му помогне на луѓето кои често се чувствуваат долу, победени и кога нема знак на нови патишта овде е да го објасни сосема спротивното.

Констракта

Будучност је старење и старење је будочност, овие зборови ни ја менуваат перцепцијата за реалноста, односно дека не секогаш е доцна, секогаш некого е пред нас, треба да трчаме побрзо и сите тие останати феномени врз кои се темели нашата продуктивност како колектив. Такашто, кога поминуваме низ одредено искуство и потоа го анализираме добиваме разум. Констракта овие зборови ги докажува со растење во својата сфера и неограничувајќи се кон нешто.

Peach Vice

Колку е ослободувачки моментот кога се креира од себеизразување, колку ги паметиме тие детски наивни денови на љубопитност. Тој момент е задржан во Peach Vice и продолжува да се размножува со уште посилен замав, паралелно зголемувајќи ја непредвидливоста во која насока ќе замине, но секогаш е органската.

КЕМ

Можеби правиме грешки кога на некого ќе му поверуваме, но верувајте ми кога ќе речам дека делот што ви недостига на еден сончев ден е токму деби албумот на КЕМ – Columba Noachi. Како што времето не спојуваме и одвојува, кога поминуваме низ песните на овој креативен коктел можам без претерување да речам дека времето станува сосема релативно.

Жива

Љубопитноста кај музичарите секогаш е прекрасна и неверојатна појава, а кога е распространета со знаења од класична музика, па сѐ до нешто недефинирано и искрено станува уште поинтересно. Разновидноста кај Жива е опиплива на нејзиниот албум „Preterujem“, бидејќи е нејзин емотивен израз. Таа претставува фигура на уметник кој секогаш сѐ бори со моментите на стагнацијата преку константно реиспитување.

Паркети

Некои нешта траат бидејќи имаат доволно поддршка, некои пак поради квалитетот и влијанието што го има тоа движење, но сето тоа се темели на борбеноста на индивидуите што го основаа тоа. Паркети секогаш ќе ми бидат пример за тоа, но со додаден зачин на лудост, креативност и прогресивност.