fbpx

Паркети

Некои нешта траат бидејќи имаат доволно поддршка, некои пак поради квалитетот и влијанието што го има тоа движење, но сето тоа се темели на борбеноста на индивидуите што го основаа тоа. Паркети секогаш ќе ми бидат пример за тоа, но со додаден зачин на лудост, креативност и прогресивност.

 

Фактот што се осмелуваат да го спојат провокативното со возвишеното го прави нивниот белек како водилка за идни генерации кои се ограничуваат на каков било начин, бидејќи кога твориш веќе над 20 години факт е дека музиката која ја креираш е адаптабилна со самото време.

 

Нивните албуми секогаш се тука да не потсетат дека истрајноста и искреноста на крајот победуваат, со што се добиваат неопишливи мемории кои не згаснуваат.

 

Како започна бендот и зошто името „Паркети“?

 

Сашо: Првично ни беше идејата да се викаме „Lunatics“ и после на 8ми септември, кога требаше да свириме се договоривме ајде „Паркети“. Бевме кај Миксот и кај него на кревет, со едно мало миксетче и една гитара позајмена и дојде идејата

 

Со Симсо заедно сме уште од второ одделение, а веќе во трето одделение имавме детски бенд. Фактички, уште од прошлиот живот сме сакале да имаме бенд и затоа се најдовме така од мали. Имаше така млади бендови, а во втора/трета година средно се собравме посериозно. Како што сега сакаат сите да се јутјубери, порано така било со бендови. Шема беше без разлика дали ќе имаш посериозни настапи некаде некогаш, тоа време јако беше, женска ќе фатеше и сите тие моменти…

Како ви тече креативниот пристап и дали со текот на времето таа искреност беше потешко да се задрже?

 

Зоки: Или некој ќе мисли дека некоја песна ќе е ептен јака, а испаѓа пропадната. Ама на крајот посебната песна се чувствува, има многу познати бендови со по една или само неколку такви песна да речам, иако тие сите песни исто си ги сакаат. Можи да е наједноставно од два акорди, ама да е таа хит песна по што ќе ве паметат.

 

Сашо: Па како што рече Боб Дилан и јас не знам како ги напишав песните, но што повеќе стареам што помалку ја имам таа енергија. Во смисла песните некаде се создадени и некогаш ќе ти дојдат. Дека пример Симсот пиши песни кога е среќен, а мене воопшто не ми иди кога сум среќен.

 

 

Со каква музика сте растени и што од денешницата би издвоиле како позитивни пример?

 

Зоки: Не знам, ништо искрено. Има вака некои постари бендови кои уште свират, ама се од порано. Или пак тие бендови кој свират чист рок & рол не се толку истакнати. Додека пак, растени сме со рок & рол и ете што повеќе старејме се префрлуваме на блуз, џез, метал и друго.

Дали имате за нешто што жалите дека не сте го направиле или сте го направиле?

 

Симсо: Уште имаме за правење. Ама ете името на албумот или некои такви моменти да се вратиме и да се маниме по гла.

 

Зоки: Жалење, што не се проба уште поавантуристички кога бевме помлади, не излеговме доволно надвор. Не знам, дали од храброст или нешто друго, ама не испадна. Иако сепак има време, ама ете тогаш помлади бевме да пробаме можеби требаше. Секогаш има такви моменти, ете лани Хрватска требаше да одиме, ама кармата не ни даде. Кога универзумот си кажува, не можи да одиш против него, секогаш се доаѓа само. 

 

Сашо: Иако на крајот секогаш мора ти да се потрудиш, ама пример ќе отидеме Скопје и ќе го сретнеме правилниот човек на некое место незамисливо. Иако се случајно ни се случува. Пример за „Сакам да те галам“ сакавме со Каролина да направиме, можеби блефирав не знам. Ама ете ја прифатија и дојде да е со Елена Ристеска, иако тогаш како да си ја ебавме таа подземна култура, ама се се заборава, а сега па таа песна најсакана ние.

Некоја интересна случка од турнеите?

 

Сашо: Првата свирка уште пред да бидиме Паркети, Симсо почна да свири и му се откачи кабелот и дур да го приклучи кабелот песната замина еден акорд повеќе. Така сред песна јас се исклучив и заминав.

 

Симсо: Секогаш не пратат малери! Туку ќе се расипи нешто, кабли ќе се откачат нешто секогаш мора да има таков момент. 

 

Зоки: Невестата од Ротино, ни нема излезено уште!

 

Симсо: Коли расипување, 5 души одевме во Матиз на 30+ степени…

 

Зоки: Случка инаку пред 5-6 години кога свиревме на плоштад и тоа први бевме. На бината имаше како балони со церара покриени и Сашо пееше, рипни, скокни и едно време го снема и сфативме дека ем се акна долу ем балоните излегоја, а тие беа за крајот.

 

Симсо: Од мали сме биле диви и ја задржавме таа жива енергија!

 

Зошто сакаш да ебиш баби на летање?

 

Сашо: Тоа е пред да одам во војска и бевме чисти панкери. Беше период кога ми се пишуваше поезија поврзана со секс и слично, тоа беше популарно. И сега можеби се дешава тоа не знам. Ја отсвиривме еднаш во „Свинг“, потоа заминав во војска. Тој период не беше една од најбараните, а сега често многу ја бараат и тоа сите публики. Некако за 1992 година тој риф беше стварно интересен и нов. 

Уште од почетокот и до денес вклучувате посебна сценографијата за настапите, од каде доаѓа тоа? 

 

Зоки: Треба да си интересен. Искрено во нашето време 80тите години имаше бендови свиреа – корнеа. Неспоредливо со сегашните тезгачии искрено, сите имаа опрема и стварно сериозно и квалитетно свиреа.


Дури и фрустрација ти прави тоа, но свири и досадно ти станува некако. Во тој период земавме примери од Пистонс, Рамоунс и Мик Џегер. Некако бевме први кај нас што почнавме да правиме забава, заедно со свирењето. Не моментот дека мора некој да рипа скока, пример Пинк Флојд се мирни, ама каква атмосфера има… 

Сашо: Моментот е дека треба тој дел да го прилагодиш со твојата музика, инаку ќе седевме дома ќе слушавме ЦДња. Мора да ја имаш таа енергија и да ги разбудиш луѓето, а не свртени сите муабет си прават. Сите различно ја шират таа енергија, само е битно да си ја пронајдат. Конкретно нашата енергија, се разбира, е живоста и лудоста на рок & ролот.

 

Тогаш стварно потешко се наоѓаше нова музика како сега, пример ти од Рамоунс да ги најдиш сите албуми години ти требаше. Или кога ја слушнав од Slayer – Raining Blood за прв пат во 1988 година добив музички шок, реакцијата ми беше до кај стигна музиката пичку матер. До тогаш слушав Елвис Присли, Битлси, а ова беше потполно нов музички свет и така се добиваше визуелна креативност. Нема внимание денес од аспект да се цени цел албум, или пак, толку многу да се бара музика, дека има премногу и се е достапно.

Како дојде до идејата за спотот на „Lilly“ и колку слики беа потребни?

 

Сашо: Не се сеќавам, ама имаше околу 7000-10000 слики направив. Се разбира не влегоа сите во спотот, правев различни кадри па ги изработував. Покрив се со црни чаршави и го наместив креветот, а на другиот крај од собата беше апратот. Сликав од некои 8 метра за да можам да го прилагодам објективот со ситуацијата. Беше мачно, ама беше многу интересно. Исто многу споро се сѐ одвиваш дека имаше спора бленда во споредба со денешните.

Дали вицовите ги смислувате предвреме или ви доаѓаат на сцена?


Сашо: Тие се вицови што сум ги слушнал во животот. Јас неколку вицој имам, тие сите ги слушнав во паркот 90тите, 00тите. Си ги држав од тоа време, 20тина години се тие!


Омилена песни за изведба и што е следно?


Зоки: Ќе се фатиме за работа и нови настапи! Може и да се напраив дует со некој странски постар бенд што ќе ни направи ќеф нас!


Кога, како… Зависи што сака, некогаш некоја песна фаќа, некогаш не. Хитовите секогаш ги пееме, ама ете „Да ебам баба ти на летање“ имаше подолг период не ја свиревме.

Исто „Клара Пуши Трева“ имаше период не ја свиревме и дури не ја издадовме повторно како демо, пак почнавме да ја свириме. Тие се некако како стари, а нови. Често имаме и нова млада публика што ги сакаат старите песни.


Следете ги Паркети

Фотограф: Емилија Трајковска

Новинар: Дарко Беровски

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *